Германскиот репрезенаттивен напаѓач, Никлас Фулкруг, направи изненадувачки трансфер и Борусија Дортмунд ја замени со Вест хем. 31-годишниот фудбалер и минатото лето беше на радарот на Вест хем, но се одлучи да направи трансфер во Вердер Бремен во Борусија. Деталите од трансферот не се познати, но според германските медиуми, „чеканите“ за него платиле 35 милиони евра, а договорот е со важност од четири години.
„Мислам дека Премиер лигата е најдобрата лига во светот, а за мене е вистинско време да се преселам во Англија и да играм за голем клуб како што е Вест хем.“ – рече Фулкруг на промоцијата.
Welcome to West Ham United, Niclas Fullkrug! ✍️pic.twitter.com/D6hWgy2uHC
— West Ham Street (@WestHamStreet) August 5, 2024