Фуриозен финиш на Хрватска за победа над Украина и избегнување на балканската класика

Репрезетнацијата на Хрватска благодарение на одличната завршница, успеа да ја победи Украина со 90:85 и со тоа да биде второ или треттопласирана во групата Ц на Евробаскетот.

Со оваа победа, Хрватите ја избегнаа Србија во елиминациската фаза и да доживеат рана елиминација, бидејќи нашиот сосед важи за еден од најголемите фаворити за титулата.

Речиси до последната минута беше неизвесно кој ќе победи, а Хрватите предводени од Богдан Богдановиќ кој што на крајот уфрли 27 поени, го направија одлучувачкиот чекор и дојдоа до победата.

Хрватска сега има осум бода и е на второто место, но ќе мора да го сочека мечот меѓу Велика Британија и Италија, каде што се надева на победа на кралството.

Во мечот од 14 часот, Финска лесно и уверливо со 88:67 ја совлада Холандија.

 

- Оглас -

Најнови вести