Фудбалерките на Шпанија се пласираа во четвртфиналето на Светското првенство кое се одржува во Австралија и Нов Зеланд. Тие во првиот осминафинален натпревар со убедливи 5:1 без подобри од Швајцарија.
Швајцарките во групната фаза не примија ниту еден гол, но утринава нивната одбрана се распадна уште во првото полувреме во кое прими дури четири гола.
https://twitter.com/FIFAWWC/status/1687719471308525568?s=20
Шпанија победата ја најави уште во петтата минута со голот на Бонмати. Швајцарија единствениот гол го постигна во 11-та минута благодарение на автоголот на Кодина.
Од тие моменти, Шпанките одиграа фуриозно до крајот на првиот дел и постигнаа три гола преку Ферер, Бонмати и Кодина. Конечниот резултат го постави Хермосо на 20 минути до крајот на мечот.
Интересно е што за многумина најубавата фудбалерка на светот, Швајцарката Алиша Леман, мечот го следеше од клупата за резервни играчи.
Шпанија во четвртфиналето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Холандија и Јужна Африка.