15.8 C
Skopje
недела, 4 јануари 2026

Габриел згреши, но и се поправи, Деклан Рајс даде два гола, Арсенал освои три бода (Видео)

Арсенал оствари важен триумф над Борнмут (2-3) во 20-тото коло на Премиер лигата и ја потврди лидерската позиција со 48 поени, шест пред Астон Вила и седум пред Манчестер сити кој има меч помалку.

Мечот почна лошо за Топчиите. Борнмут поведе уште во десеттата минута по катастрофална грешка на Габриел, кој ја додаде топката право во нозете на Еванилсон, а напаѓачот на домаќините со рутинска реализација донесе 1-0.

Само шест минути подоцна Габриел се „извади“. По корнер на Деклан Рајс и одбрана на Ѓорѓе Петровиќ, топката стигна до Мадуеке, кој го проигра Мартинели, а Габриел од прва од седум метри израмни на 1-1.

Во второто полувреме, Арсенал додаде гас. Во 54-та минута Деклан Рајс доби одлично додавање од Одегард и ја погоди мрежата за 1-2.


Рајс повторно се запиша во стрелците во 71-та минута, овојпат по асистенција на Сака, за 1-3.

Драмата не заврши тука. Во 77-та минута младата надеж на Борнмут, Ели Крупи, од далечина постигна прекрасен гол за конечни 2-3.

Со оваа победа, Арсенал ја продолжува трката за титулата, додека Борнмут останува на 15-тото место со 23 поени.

- Оглас -

Најнови вести