Габриел Жезус е меѓу најлошите, истовремено и најдобрите бразилски напаѓачи

Бразилскиот селектор Тите има голема доверба во Габриел Жезус, но младиот напаѓач не ја оправдува, бидејќи цели 567 минути нема дадено гол во дресот на националниот тим на меч од Светско првенство, Копа Америка или Куп на конфедерации.

Во последните 20 години, само Хулк (780 минути) подолго чекаше на својот прв гол на големите натпреварувања, а во триото најлоши напаѓачи влегува и Робињо (523 минути без гол).

Габриел Жезус на СП во Русија играше на пет меча и не даде гол, нема погодено ниту на првите три средби од Копа Америка. Ваквиот пост на играчот со број 9 е недозволив, но Тите нема намера да го седне на клупа. Има еден друг податок кој му оди во прилог на голгетерот на Сити.

Тој за Бразил одигра 31 меча и има 16 гола (најмногу од сите актуелни репрезентативци) што е четврти најдобар просек во историјата на Бразил. Проблемот е што Габриел дава голови на пријателски мечеви или квалификациски, а не и на големите натпреварувања. Вечер против Парагвај има нова шанса да ги замолкне критичарите.

- Оглас -

Најнови вести