Галакси не му прости: Отказ за Катаи по навредливите објави на неговата сопруга

Српскиот интернационален Александар Катаи доби отказ од ЛА галакси откако неговата сопруга Теа преку социјалните мрежи ширеше омраза на расна основа.

Во период кога во неколку градови во САД има немири и протести поради убиството на Џорџ Флојд, Теа на „Инстаграм“ објави фотографија на која се гледа како полицајци ги туркаат демонстрантите со службеното возило и напиша „Убијте ги сите „го*на“.

Галакси не покажа разбирање за овој испад иако Катаи набрзо потоа се огласи дека не го дели истиот став со сопругата и дека не поддржува расизам, и по само шест месеци соработка го отпушти српскиот интернационалец.

- Оглас -

Најнови вести