Галатасарај е во серија од 20 победи и три нерешени, а квотата е дури шест вечерва да триумфира!

Турскиот првак Галатасарај е во одлична форма и со право може да се надева дека може да ја помине групната фаза и од Лигата на шампионите. Во првите две кола Галатасарај дома ремизира против Копенхаген (2:2), а потоа славеше на „Олд Трафорд“ против Манчестер јунајтед со 3:2 и сега има четири бода.

Пред гигантот од Истанбул сега е нов голем предизвик, а тоа е мечот против Баерн Минхен. Германскиот првак гостува во Турција и според коефициентите, тој е фаворит за победа.

Сепак, на страна на Галатасарај е домашниот терен, но и формата во која се наоѓа овој тим. Во последните 23 меча во сите натпреварувања (без пријателските), Галатасарај има биланс дури од 20 победи и само три нерешени, без ниту еден пораз. Последен пат Галатасарај загуби на 30 април, и тоа во дербито од Бешикташ со 3:1, што значи дека речиси шест месеци е без почувствувана горчина од пораз.

Галатасарај и Баерн Минхен имаат играно само двапати, а тоа било во далечната 1972 година, односно пред повеќе од 50 години и тогаш во Купот на европски шампиони. Во Истанбул тогаш било 1:1, резултат кој сигурно и сега би бил одличен за домаќините.

- Оглас -

Најнови вести