Истанбулските гиганти Галатасарај и Фенербахче се доста активни на трансфер пазарот и се натпреваруваат кој ќе донесе позвучни имиња, а нема да заостанува зад нив ни Бешикташ.
Црно-белите чиј тренер е Оле Гунар Солскјер, сака во тимот да има брз напаѓач од типот на Рахим Стерлинг кој сезонава настапуваше за Арсенал како позајмен од Челзи. Бешикташ тајно преговарал со Стерлинг, а наводно имало и средба очи во очи на Стерлинг со Солскјер.
Англиската ѕвезда родена во Јамајка, не беше вклучена во составот на Челзи за Светското клупско првенство, и бара клуб. Бешикташ се интересира и за Патрик Шик кој е поинаков тип на офанзивец.
Инаку, Галатасарај и Фенербахче истотака планираат носење на ѕвезди. Галата веќе го купи Лирој Сане, а би сакал да ги земе и Емилијано Мартинез, Чалханоглу и Гундоган, додека Фенер е заинтересиран за Нејмар, Митровиќ, Влаховиќ.