Галатасарај и Фенербахче нема да играат во Ријад, се враќаат во Истанбул

Натпреварот од турскиот Суперкуп меѓу Галатасарај и Фенербахче кој требаше да се игра во Ријад, Саудиска Арабија, е одложен и нема да се одигра, објавија турските медиуми.

Причина за тоа е политиката, односно одбивањето на саудиските власти да дозволат двете екипи на теренот на стадионот во Ријад да излезат со маички со ликот на Мустафа Кемал Ататурк и со себе да имаат транспарент со порака со која се повикува да има мир во светот.

[Yağız Sabuncuoğlu] The Turkish Super Cup in Saudi Arabia is canceled. Fenerbahçe and Galatasaray are returning to Türkiye.
byu/Jemal2200 insoccer

 

За Саудијците овие барања биле политички и не дозволиле такво нешто, додека турските екипи останале на своето и на крајот одлучиле да не се појават на теренот и да се вратат во Истанбул.

 

- Оглас -

Најнови вести