Турската фудбалска федерација ги расчисти дилемите околу можноста да не се одигра мечот од финалето на Суперкупот меѓу Фенербахче и Галатасарај.
„Натпреварот од Суперкупот ќе започне во присуство на турско знаме, со перморманс за одбележување на стогодишнината од турската република, со минута молк и со нашата химна која ќе ја испее Норм Ендер“, стои во соопштението на Фудбалската федерација на Турција.
Натпреварот треба да се игра денеска од 18.45 часот, а до пред неколку часа беше доведено во прашање играњето на дуелот во Ријад, Саудиска Арабија поради одбивањето на организаторот да им ги исполни барањата на двата тима на теренот да излезат со маички со ликот на Мустафа Кемал Ататурк и со транспарент на кој има напишано порака за мир во светот.
Саудијците овие барања ги окарактеризираа како политички и одбија да им ја исполнат желбата, но по интервенцијата на Турската федерација, недоразбирањата се надминати и дуелот ќе се игра од 18.45 часот.