Галатасарај нема да прими, а ќе дава гол(ови)

1958 Коњаспор – Аланијаспор (14.00 часот)

Коњаспор е екипа со најмалку примени голови во турската Суперлига, на 14 меча примија само девет гола, но ефикасноста не им е за пофалба, имаат дадено 16 гола што е помалку од билансот на гостинот кој има седум бода помалку. Тимот од Коња има три ремија и една победа во последните четири кола, а променливиот тим од Аланија во последните три кола имаше по една победа, пораз и нерешено. Коњаспор има само два порази сезонава, Аланија уште од август нема победа на гости, затоа не веруваме во двојка.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.04)

 

1959 Галатасарај – Истанбулспор (17.00 часот)

Галатасарај се бори за титула, го брка лидерот и ривал Фенербахче, па не смее да киксира дома против претпоследниот на табелата. Истанбулспор има серија од шест лигашки порази по ред, и со само 8 бода во 13 кола, им се заканува испаѓање. Галата оди по четвртата победа едноподруго. Истанбул спор е еден од двата најнеефикасни тимови во лигата, би било изненадување ако ја матираат втората најцврста одбрана.

Предлог тип: 1 сигурна (2.00)

 

5630 Ал Ахли – Смуха (18.00 часот)

Во овој меч од египетското првенство, фаворит е Ал Ахли од Каиро, кој е и првопласиран на табелата. Ал Ахли гази, има 22 бода од можни 24 последните првите осум кола и има просек од два постигнати голови по натпревар. Смуха има постигнато само 3 гола на осум меча, само еднаш победија, а често (дури четири пати на осум меча) играат нерешено. Смуха ги доби последните два дуели против Ал Ахли, но сега Ал Ахли е домаќин, а во минатата сезона дома славеше со 4-1 против Смуха.

Предлог тип: 1 & 2-5 (1.53)

 

1938 Бнеи Сахнин – Хапоел Тел Авив (19.15 часот)

Бнеи Сахнин е во многу лоша форма, во последните пет кола освоија само два бода. Хапоел многу лошо тргна, сега има две победи во последните пет меча, но уште има еден бод помалку од тимот на кој му гостува. Хапоел е со втората најлоша одбрана во лигата, и има дури осум порази во 14 кола. Три од последните четири меѓусебни дуели на овие екипи во Сахнин, завршуваа со 0-1 гол.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.55)

 

8377 Далас маверикс – ЛА Лејкерс (20.30 часот)

Лука Дончиќ и другарите одат по третата победа по ред, додека Лејкерс бара излез од кризата и прекинување на низата од три порази. Отсуството на повредениот Ентони Дејвис е голем хендикеп за Езерџиите, па ќе треба „експлозија“ од Леброн Џејмс за триумф над Маверикс. Дончиќ на претходниот меч даде 50 поени, може да се очекува ефикасна игра од двете страни за уживање на публиката. Лејкерс на последните три меча примаше 130 или повеќе поени. Лејкерс две години не знае за победа над Далас.

Предлог тип: >229.50 (1.95)

- Оглас -

Најнови вести