6044 Салцбург – Динамо Киев (21:00)
Фудбалерите на Салцбург имаат предност од 2-0 од гостувањето кај Динамо Киев, па денес треба само да го потврдат пласманот во групната фаза на Лигата на шампионите пред своите гледачи. За разлика од нив, гостите од Украина ќе мора да тргнат на се или ништо, а тоа ќе значи и многу простор за противникот, кој на првиот меч во Лублин покажа дека знае да ја казни одбраната на Динамо.
Предлог тип: 1Х & 3+ (1.98)
6701 Спарта Прага – Малме (21:00)
Спарта Прага со 2-0 го победи Малме на првиот меч и е на чекор од пласман во Лигата на шампионите. Головите на првиот меч во Шведска ги имаше по еден во двете полувремиња, па такво нешто се очекува и денес – голови да има во двете полувремиња.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.85)
6715 Галатасарај – Јанг бојс (21:00)
Екипата на Галатасарај загуби од Јанг бојс со 3-2 на првиот меч, па за пласман во Лигата на шампионите ќе мора да победи на домашен терен. Слично како и на првиот меч во Швајцарија, вечерва во Истанбул се очекува ефикасен фудбал, но и победа на домашниот состав, со што ќе ја оправдаат фаворитската улога.
Предлог тип: : 1 & 1+I&1+II (1.67)
1111 Брајтон – Кроули таун (20:45)
Брајтон е во фантастична форма со шест победи на последните шест меча во сите натпреварувања. Викендов на домашен терен го победија Манчестер јунајтед, па дуелот од англискиот Куп против третолигашот Кроули таун се очекува да биде лесна пречка за нив. Сè освен лесна и убедлива победа на премиерлигашот ќе биде големо изненадување.
Предлог тип: 1 & Т1 3+ (1.85)
1302 Рајо Ваљекано – Барселона (21:30)
Барселона имаше одличен старт на сезоната во Ла Лига и успеа да победи на првите два меча со идентични 2-1 против Валенсија и Атлетик Билбао. Каталонците со Дани Олмо во составот вечерва гостуваат кај Рајо Ваљекано, екипа против која на два од последните три натпревари одиграа „гол-гол“.
Предлог тип: Х2 & ГГ (2.21)