Галатасарај со голчиштето на Мертенс се пласира во третото квалификациско коло во ЛШ (Видео)

Турскиот шампион Галатасарај славеше со 1:0 против Жалгирис во реваншот и се пласира во третото квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите.

Човек на одлука беше Белгиецот Дрис Мертенс кој постигна прекрасен гол во 31-та минута од натпреварот. Актуркоглу одлично го изведе корнерот, го пронајде Мертенс на 20-тина метри на кого топката буквално „му легна на нога“ и со одличен волеј го совлада голманот на Жалгирис, Гертмонас.

Првиот меч кој се играше во Литванија, заврши без победник, а Жалгирис во првото коло го елиминира македонскиот шампион Струга ТЉ.

Галатасарај во третото квалификациско коло ќе игра против Олимпија Љубљана која беше подобра од Лудогорец.

- Оглас -

Најнови вести