Продолжува мртвата трка за титулата: Љуботен и Саса победија со ист резултат

Женските фудбалски прволигаши помеѓу празниците го одиграа вонредното 23-то коло, кое не донесе никакви промени на првенствената табела. Лидерскиот двоец, Љуботен и Саса забележаа идентични победи од по 3-0, па разликата на врвот на табелата останува еден бод во корист на екипата од Тетово.

Бранителот на двојната круна од минатата сезона, Љуботен, без поголеми проблеми со 0-3 славеше на гостувањето кај Истатов, додека вицешампионот, Саса, со 3-0 на домашен терен го победи битолски Топ Гол.

Значајна победа во битката за опстанок забележа екипата на Шкендија, која на теренот во Боговиње ја победи Тиверија со 2-1. Тетовските „црвено-црни“ со оваа победа направија исчекор до шесттата позиција на табелата, со оглед на тоа дека сите останати екипи од долниот дел забележаа порази.

Резултати:

Истатов – Љуботен 0-3
Саса – Топ Гол 3-0
Шкендија – Тиверија 2-1
Цевитана – Ас Јунајтед 1-3
Скопје – Речица 2-0

- Оглас -

Најнови вести