-3.2 C
Skopje
сабота, 10 јануари 2026

Галевски: Оваа победа ни значи многу за подигнување на нашата самодоверба

Два меча и две победи за Македонија на турнирот кој се игра во Швајцарија. По вчерашниот триумф над Бахреин, Македонија вечерва ја победија и Украина.

Еден од најзаслужните за пресвртот во второто полувреме беше голманот Иван Галевски. Младиот чувар на мрежата имаше неколку одбрани и беше еден од творците за пресвртот.

„Имавме осцилации во играта, но тоа е нормално на меч од еден ваков турнир. Ова ќе ни помогне многу затоа што ваков турнир не очекува и на Европското првенство во Данска. Ова е една добра увертира за да се подготвите добро, да ги анализираме нашите недостатоци. Оваа победа ни значи многу за нашата самодоверба, а посебно ќе ни биде подтребна за утрешниот меч против Швајцарија. Секогаш може да бидеме подобри“, рече Галевски по победата над Украина.

Македонија утре ќе игра во третото последно коло на „Жолтиот турнир“, а противник ќе биде домаќинот Швајцарија.

- Оглас -

Најнови вести