Галевски знае како е да се победи Франција, и тоа одбрани пенал во последна секунда (Видео)

Најмладиот поединец во машката сениорска репрезентација на Македонија, голманот Иван Галевски, уште нема добиено шанса да дебитира на Светското првенство во Вараждин.

Можеби тој за првпат ќе се најде во составот на утрешниот дуел со силната Франција. Интересно е дека популарниот Галец знае како е да се победи големата ракометна велесила Франција.

Летоска во словенечкиот град Целје на ЕП за играчи до 20 години, Галевски во последната секунда од средбата, при резултат 30-29 за Македонија, одбрани седмерец за огромна радост и триумф над Франција, која е реткост за нас во кој било спорт.

- Оглас -

Најнови вести