Селекцијата на Гана загуби од Зеленортските Острови со 1:2, и тоа со гол во судиското продолжение во првото коло на Африканскиот куп на нациите и предизвика револт кај навивачите кои тргнаа да се пресметаат со селекторот.
Навивач на Гана лут поради поразот од Зеленортските Острови, се обиде да го удри селекторот Крис Хјутон во хотел во Абиџан, во Брегот на Слоновата Коска.
https://twitter.com/i/status/1746887127248281657
https://twitter.com/i/status/1746900983043465677
На селекторот му пришле гневни навивачи во хотелот, и тоа додека репрезентацијата се враќала од натпреварот и сакале да се пресметаат со Хјутон. Тие прво вербално го навредувале, а потоа еден од нив се обидел да го удри селекторот, а поголем инцидент спречило обезбедувањето на хотелот и на репрезентацијата. Навивачот потоа бил уапсен и однесен во полициска станица во Абиџан.
Ова е втор пораз на Гана од аутсајдер, претходно во ноември минатата година репрезентацијата загуби во квалификациите за СП 2026 од Комори.
Хјутон, чиј татко е од Гана, е селектор од март минатата година, а беше дел од репрезентацијата на СП 2022 кое се одржа во Катар, и тоа како технички советник.