28.8 C
Skopje
среда, 3 септември 2025

Гарначо по заминувањето од Јунајтед: „Уште како дете навивав за Челзи!“

Алехандро Гарначо само пред четири дена направи трансфер од Манчестер јунајтед во Челзи за сума од 46,2 милиони евра, а денес веќе изјави дека уште како дете навивал за Сините од „Стемфорд бриџ“.

Аргентинецот е роден во Мадрид и својата кариера ја започна во Атлетико Мадрид, а само на 16-годишна возраст се пресели во Манчестер јунајтед за 465.000 евра.

„Кога бев дете, гледав Премиер лига. Ми се допаѓаше Еден Азар и затоа навивав за Челзи. Тој беше пример за мене, неговиот стил. Затоа играм на истата позиција“, рече Гарначо.

Дваесет и едногодишниот фудбалер за Манчестер јунајтед настапи на 144 натпревари, на кои постигна 26 гола и запиша 22 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести