Гасол демантира дека побарал да замине од Сан Антонио

По сите изгледи Пау Гасол нема да ги напушти редовите на Сан Антонио спарс. Искусниот шпански центар ги демантираше шпекулациите околу неговата иднина, бидејќи пред неколку дена се зборуваше дека франшизата од Тексас ќе ја раскине соработката со Гасол откако претходно не успеале да го трејдуваат.

„Не побарав трејд. Не сум човек кој сака да зборува за вакви работи, но ќе кажам дека не е вистина дека сакам да си заминам од тука. Едноставно сум разочаран што не можам да ги оправдам средствата и да помогнам на тимот. Не ми се допаѓа тоа што имам мала минутажа, но мора да се помирам поради околностите. И натаму имам што да понудам на оваа екипа да ги оствари целите за оваа сезона“, истакна Гасол за локалните медиуми во Сасн Антонио.

Иако се „шушкаше“ дека Гасол би можел како слободен агент да се пресели во Торонто кај братот Марк, истата најва не вроди со плод. Тој сезонава пропушти 26 натпревари поради фрактура на ногата, а и по неговото закрепнување не се задржува често на теренот, но и покрај деликатната ситуација Гасол ги расчисти сите нејасни работи околу својата иднина.

- Оглас -

Најнови вести