Гасол ја знае петорката од европски кошаркари што ќе ги победи Американците

Поранешниот шпански репрезентативец и играч на Мемфис гризлис и ЛА лејкерс, Пау Гасол, го избра идеалниот тим од европски кошаркари, за кој смета дека може да ја победи репрезентацијата на САД составена од НБА-ѕвездите.

Според Гасол, првата петорка ја сочинуваат четворица кошаркари што играат во НБА и еден во Европа.

Тројца играчи кои се дел од тимот ги знаат сите љубители на кошарката, тоа се Лука Дончиќ, Јанис Адетокумбо и Никола Јокиќ, а изненадување претставуваат останатите двајца.

Единствениот играч што настапува во Европа е неговиот сонародник Руди Фернандес, а улогата на крилен центар, Гасол му ја довери на Финецот Лаури Марканен, кој игра фантастично сезонава во дресот на Јута.

- Оглас -

Најнови вести