„Ѓаволчето“ што плачеше во 118-та, а урлаше од радост три минути подоцна (Фото)

Натпреварот меѓу Манчестер јунајтед и Лион донесе инфаркт завршница, во која англискиот тим на крајот успеа да се пласира во полуфиналето на Лига Европа. Тимот на Рубен Аморим имаше негатива од 2-4 во продолженијата, но за седум минути постигна три гола и направи епски пресврт на „Олд Трафорд“.

Сето ова, со неверојатни емоции го преживуваа и фановите на трибините. ТВ преносот донесе неверојатен ролеркостер од емоции и кај еден млад навивач на Манчестер јунајтед.

Младото „ѓаволче“ плачеше во 118-та минута, стравувајќи дека неговиот омилен тим ќе биде елиминиран од Лион, кој во тие моменти играше со десетмина фудбалери, но само три минути подоцна, по головите на Коби Мејну и на Хари Мегваер, блескаше од радост и урлаше на трибините, затоа што Јунајтед поведе со 5-4 и дојде до конечен триумф.

Првиот меч во Франција заврши 2-2, а тогаш Лион постигна израмнувачки погодок во последните мигови од дуелот.

- Оглас -

Најнови вести