Ѓаволите во неволја: Хакери го нападнаа Манчестер јунајтед, бараат милиони за да не откријат тајни податоци

Манчестер јунајтед се соочува со непосакувани проблеми откако англискиот гигант стана жртва на хакерски напад. Како што известуваат англиските медиуми, хакерите стигнале до доверливи информации кои може да му наштетат на клубот доколку се обелоденат, а за да не се случи тоа, се бара откуп во износ од неколку милиони фунти.

Наводно хакерите имаат податоци од тајни операции на клубот, како и доверливи информации од фудбалерите, а во системот на Јунајтед влегле со помош на вирус.

Од таборот на Јунајтед потврдија дека случајот е проследен до надлежните ограни кои се бават со сајбер-криминал, по што е отворена истрага.

Ова не е прв случај на хакерски напад на фудбалски работници во Англија. Оваа година пријавени се неколку случаи, меѓу кои нападнат беше и еден од директорите на Премиер лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести