Роналдињо може да заглави во затвор во Парагвај на пет години, откако повторно е упасен во Асунсион, па се чини дека ѓаволот ја однесе шегата. Токму така наивно изгледаше првото приведување на големиот бразилски ас во средата, кога дури и се фотографираше со чиновникот што му откри лажни лични документи со кои Роналдињо и неговиот брат влегле во Парагвај.
Но, сега работата е многу посериозна и главниот истражител на парагвајската полиција Жилберто Фреитас му одреди мерка притвор и за Роналдињо и за неговиот брат.
Главниот тужител Федерико Делфино предложи по пасењето во средата бразилското дуо да биде пуштено, бидејќи било констатирано дека биле измамени со личните документи.
Но, сега е многу посериозно, а казната за фалсификат лични документи, со кои Риналдињо и неговиот брат влегле во Парагвај е максимум пет години.
Во 2018 година бразилските власти му го одземаа пасошот на Роналдињо, поради тоа што ја нема платено казната од 2.5 милиони евра за предизвикување еколошка штета при градба на објект во Порто Алегре.
Се шпекулира дека Роналдињо е банкротиран, а во Парагвај пристигна на промоција на книгата „Генијалец на животот“ и да учествува во хуманитарна мисија.