Ѓаволска реприза за Севилја – Интер води со гол од пенал (Видео)

Интер води со 1:0 против Севилја во финалето на Лигата на Европа, со погодокот од бела точка на Ромелу Лукаку од белата точка.

На Севилја и се случи ѓаволска реприза од претходниот меч во четвртфиналето на истиот стадион во Келн, кога Манчестер јунајтед поведе во раната фаза со погодок од пенал.

Лукаку беше брз, снаодлив и умешен во третата минута и над него Диего Карлос направи фаул во шеснаесетникот на Севилја, по што беше досуден пенал.

Белгиецот одлучи сам да го изведе пеналот и беше прецизен за предност на Интер од 1:0.

 

- Оглас -

Најнови вести