Манчестер јунајтед го доби големото дерби против Ливерпул во рамките на 16-финалето од ФА купот. Црвените ѓаволи до триумф над лутиот ривал дојдоа благодарение на голот од слободен удар на Бруно Фернандеш во 78-мата минута.
Португалецот влезе во игра само 12 минути пред да го даде голот. Откако дојде во Англија, Бруно е најефикасен од премиерлигашките фудбалери во сите натпреварувања.
За Ливерпул продолжува кризата, тимот на Јирген Клоп има само една победа во последните шест меча во сите натпреварувања.
https://twitter.com/i/status/1353412557034254336