Ѓаволски јубилеј – Мек Томинеј го постигна 2.000 гол за Манчестер во Премиерлигата (Видео)

Убав јубилеј прослави Манчестер јунајтед со првиот гол на мечот против Норич, а Скот Мек Томинеј ќе биде запишан и во клупските книги и во историјата на Премиерлигата, како стрелец на 2.000 гол за „црвените ѓаволи“.

Со удар од десеттина метри Мек Томинеј ја затресе мрежата на Норич во 21. минута за јубилеен погодок.

https://twitter.com/GeniusMUFC/status/1188499190562934784?s=20

Веднаш по голот на Скот, Рашфорд промаши пенал за 2:0 за гостите од Манчестер јунајтед, но веднаш потоа погоди за 2:0. Мечот е во тек и по половина час „црвените ѓаволи“ имаат предност од два гола.

- Оглас -

Најнови вести