Некогашниот претседател на Милан и експремиер на Италија, а сега сопственик на фудбалскиот клуб Монца, бизнисменот Силвио Берлускони, е позитивен на корона-вирус. Информациите од Италија се дека Берлускони нема симптоми и седи дома на Сардинија во самоизолација, со надеж дека состојбата нема да му се влоши.
Берлускони, кој за неполн месец ќе наполни 84 години, спаѓа во ризичната категорија на луѓе. Тој со Милан раководеше цели 30 години, во негово време Росонерите освоија многу трофеи, а неговиот сегашен клуб Монца влезе од трета во втора лига и сезонава ќе биде дел од Серија Б.