Газдата на англискиот клуб е лут затоа што навивачите не сакаат да дадат пари за да биде избегнат банкрот

Двете екипи од градот Шефилд се наоѓаат на последното место во двете најсилни лиги во Англија. Шефилд вензди е последен во Премиер лигата, додека Шефилд јунајтед е на дното во Чемпионшип.

Освен што е фенерџија во Чемпионшип лигата, Шефилд јунајтед е и во тешка финансиска ситуација. Токму поради тоа, газдата на Шефилд, Дејфон Чансири, побара помош од навивачите. Тој јавно побара од фановите да соберат два милиони фунти за да може клубот да ја избегне забраната за трансфери, но и да избегне банкрот.

„Кога би имало 20.000 навивачи кои ќе дадат само по 100 фунти, ќе се соберат два милиони фунти. Цело време зборуваат дека се големи навивачи и дека го сакаат клубот, но не сакаат да издвојат пари за својот клуб“, вели газдата на Шефилд јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести