Газдата на Фенербахче сака да го земе Вардар како „пилот клуб“!?

Најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, Вардар, ги преживува најлошите моменти од осамостојувањето. Црвено-црните за првпат испаднаа од Прва лига и во новата сезона ќе бидат дел од второлигашкото друштво.

Вардар е во тешка финансиска состојба, а досега никој не помогнал. Според последните пишувања во Турција, постои опција газдата на Фенербахче, Али Коч, да го купи Вардар и македонскиот тим да биде како „пилот клуб“, односно еден вид филијала на Фенербахче.

Турскиот гигант многу добро ја знае силата и традицијата што ја има Вардар затоа што во 2017 година македонскиот тим успеа да го елиминира Фенербахче во квалификациите за пласман во Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести