Компанијата „Сити фудбал груп“ (ЦФГ), во чие сопствеништво е Манчестер сити, го купи и јубилејниот десетти клуб. Во ова големо семејство влезе и францускиот второлигаш Троа.
Компанијата ЦФГ стана доминантен сопственик во Троа откако ги купи акциите на претходниот сопственик Даниел Масони.
„Веќе подолго време го следиме францускиот фудбал, а Троа ни е посебно симпатичен клуб“, изјави директорот на ЦФГ, Феран Соријано.
Освен Манчестер сити, оваа групација во своја сопственост ги има и клубовите: Њујорк Сити, Мелбурн Сити, Жирона, Сичуан Јуниуа, Јокохама Маринос, Мумбаи сити, Атлетико Труг и Ломел.
Во ланската прекината сезона, Троа заврши на четвртото место и беше блиску до промоција во елитната француска лига. Со новите сопственици и свежиот капитал, Троја сезонава сигурно ќе биде еден од фаворитите за влез во Лига 1.