Интер го победи Фрозиноне со 2-0 и се врати на чело на табелата во Серија А, а овој меч ќе се памети по голот на Федерико Ди Марко, кој го совлада противничкиот голман со шут од огромна далечина, поточно од 56,4 метри.
На 2-0 зголеми Хакан Чалханоглу кој погоди од пенал и на Турчинот ова му е шести гол сезонава (пет во Серија А и еден во Лигата на шампионите), сите од белата точка, што го прави најуспешен пеналџија во топ лигите во Европа.
Сепак, цел фудбалски свет зборува за погодокот на Ди Марко. Погледнете го ремек делото на италијанскиот репрезентативец:
https://twitter.com/i/status/1723800528080027770