Генијалност или среќа? Бензема при голот за 5-1 си асистираше со грб (Видео)

Новиот капитен на Реал Мадрид, Карим Бензема, е вистински лидер на тимот, има неверојатни бројки и голем придонес во ефикасноста на Кралскиот клуб сезонава. Многу работи му поаѓаат од нога, дава голови, асистира, а синоќа против Мајорка, кога имаше по два гола и асистенции, при погодокот за водство од 5-1, самиот си асистираше, и тоа со грб.

Алаба испрати една долга топка кон Французинот, а тој со помош на грбот си ја намести топката на десна нога, шутна и со помош на противнички игра, постигна гол. Среќа или мајсторија, потегот вреди да се види:

https://www.youtube.com/watch?v=-iWPO4jgBYw

- Оглас -

Најнови вести