Генијалноста на Лео Меси донесе нов триумф за Интер Мајами

Интер Мајами продолжува со одличната форма од почетокот на сезоната во МЛС-лигата. Тимот на Хавиер Маскерано ја запиша третата последовна победа откако го совлада составот на Атланта јунајтед на гости во натпревар од четвротото коло.


Домаќините поведоа преку Емануел Лате Лат во 11-тата минута, но гостите израмнија со прекрасен гол на Лионел Меси девет минути подоцна, а Фафа Пико донесе победа во 89-тата минута.

Домаќините први го зададоа ударот. Во 11-тата минута Брукс Ленон проби по десната страна и центрираше кон Лате Лат, кој со глава ја смести топката во мрежата за 1-0.

Одговорот на Интер Мајами не се чекаше долго. Генијалноста на Лео Меси повторно излезе на виделина. Аргентинецот ја украде топката пред шеснаесетникот, финтираше дефанзивец и со прецизен лоб удар го совлада голманот за 1-1.

Во 89-тата минута гостите направија целосен пресврт. Фафа Пико со глава го искористи центаршутот на Жорди Алба и го постави конечниот резултат 1-2.

Со оваа победа, Интер Мајами е лидер во Источната конференција со 10 бода. Атланта се наоѓа на 12-тата позиција само со четири освоени поени досега.

- Оглас -

Најнови вести