Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо во јануари годинава направи спектакуларен трансфер во Ал-Наср потпишувајќи го најголемиот договор во историјата на фудбалот, а со себе во Саудиска Арабија ги понесе неговата избраничка Георгина Родригес и петте деца.
Иако во Саудиска Арабија не е дозволено заедно да живеат невенчани парови, Роналдо и Георгина се исклучок од ова правило и избраничката на Португалецот откри дека ужива во животот во Ријад.
„Тука се чувствувам многу безбедно и ги почитувам силните семејни вредности. Воодушевена сум од пустината и можам да кажам дека имам посебна емотивна врска со оваа волшебна земја“, изјави Георгина.
Georgina Rodriguez talk about life in Saudi Arabia.
When asked about her experience of visiting the country's desert region, she said, "I felt very happy to be able to connect with this heaven on Earth. The power and magic that is in the Saudi desert are incredible." pic.twitter.com/HVUmHIHWr7— Georginagio (@georginagio_bae) March 27, 2023