Велшанецот Герет Бејл имаше успешна фудбалска кариера, а сега се префрла на професионално играње голф.
Бејл, кој има 33 години, пред две недели објави крај на фудбалската кариера, а на социјалните мрежи се пофали дека од 2 до 5 февруари ќе игра на еден турнир во голф во Калифорнија, каде што ќе си го испроба знаењето играјќи со некои од најголемите ѕвезди на овој спорт.
На турнирот со награден фонд од 9 милиони долари ќе играат 156-мина голфери.