Германија со 2:1 ја победи Босна и Херцеговина на дуел одигран во Зеница, во меч од Лигата на нации. Панцерите не беа во најсилен состав, па на ова гостување фалеа ѕвезди како што се Мусијала и Хаверц, но и покрај тоа, гостите успешно ја завршија работата, а тоа е освојување на три бода.
Неочекуван херој имаше Германија синоќа во Зеница, а тоа е Дениз Ундав. Напаѓачот на Штутгарт ги постигна двата погодоци, а можеше да слави и хет-трик, но ВАР системот му поништи еден гол поради офсајд.
Интересна е приказната за кариерата на Ундав. Има 28 години, а дури оваа година доби повик за националниот тим. Во пет меча сега е на бројакта од три погодоци.
„Се работи за играч на кој не му требаат многу шанси. Многу е паметен и тешко е да се игра против него и да се чува. Среќни сме што го имаме во нашите редови“, рече Нагелсман.
Ундав пред седум години беше дел од тимот на хавелси кој игра во регионална лига и сигурно воопшто не размислувал дека еден ден ќе биде дел од репрезентацијата на Германија и ќе постигнува голови.
Во 2018 година прави трансфер во уште еден нисколигаш, тимот на Мепен, а потоа започнува неговото фудбалско издигнување. Во 2020 година заминува во Белгија, во тимот на Унион Ројал, а две години потоа заигра и за Брајтон во Премиер лигата. Во Брајтон не се снајде најдобро и е даден на позајмица во Штутгарт, каде добро му тргна, па бундеслигашот го откупо неговоиот договор.
Со добрите игри во Штутгарт стигна и повикот за настап во репрезентацијата, а неговата вредност сега на трансфер пазарот се проценува на 28 милиони евра.