Германија на „мускули“ до победа над Исланд, македонските судии Начевски и Николов најдобри на теренот

Домаќинот на Европското ракометно првенство, Германија, дојде до тешка, но значајна победа над Исланд со 26-24 и ги задржа шансите за пласман во полуфиналето. Од самиот почеток на мечот се играше израмнето и ниту една екипа не успеваше да направи посериозна разлика.

Екипите се менуваа во водство, но тоа најчесто го имаа германците или беше нерешено, а голманите на двете екипи имаа свое шоу, за што говори резултат, 11-10 за Германија на полувремето и 26-24 на крајот.

Сепак, она на што можеме да биде ние горди е одличната арбитража на македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов кои беа беспрекорни на теренот и без ниту една забелешка на ракометарите го водеа мечот, со што уште еднаш покажаа зошто се меѓу најдобрите судии во светот, ако не и најдобри.

Табелата после второто коло во групата 1 е следна: Франција е во водство со максимални четири поени, пред сензационалната Австрија со три, Германија и Унгарија имаат по два, Хрватска еден и Исланд е последен без бодови.

- Оглас -

Најнови вести