Германија и Англија ремизираа 1:1 во дербито на денот во Лигата на нациите. На меч одигран во Минхен, домаќините имаа предност со голот на Хофман на почетокот на второто полувреме, но не ја сочуваа позитивата.
Хари Кејн во 88-мата минута успеа од пенал да го матира Нојер и да израмни на 1:1. По овој резултат, двата поранешни светски прваци останаа без победа по две кола. Германија има два бода, додека Гордиот Албион има само еден бод.
Интересно е дека ова е прв меч на Германија и Англија што се одигра на стадионот во Минхен, местото каде што во септември 2001 година Гордиот Албион победи со 5:1 над Германија, што е најтежок пораз на Панцерите на свој терен во историјата. Овојпат Германија не загуби со 5:1, но повторно остана без победа против Англија.
Во оваа група, Италија со 2:1 на домашен терен славеше над Унгарија. Барела и Пелегрини погодуваа во првото полувреме за сигурна предност на Аѕурите, а во второто полувреме Манчини си даде автогол и Унгарија намали на 1:2, но гостите немаа сила да стигнат до реми.
Унгарија само пред три дена славеше над Англија, но овојпат беа поразени од Италија во групата која очигледно ќе биде многу интересна до самиот крај.
Во денешните мечеви од Лигата на нациите, Финска со 2:0 ја победи Црна Гора, Луксембург на гости со 1:0 славеше кај Фарски Острови, додека Турција немаше милост на гости кај Литванија и победи со 6:0.