Тениската репрезентација на Германија триумфира на Јунајтед купот, откако во финалето кое се играше во Сиднеј, ја совлада Полска со 2-1 во победи.
Титулата за Германија ја донесоа Александер Зверев и Лаура Зигемунд кои во мешани двојки со 2:1 во сетови ги совладаа Ига Швјонтек и Хуберт Хуркач во меч кој траеше дури 105 минути. Зверев и Зигемунд славеа со 6:4,5:7,10:4.
Првиот поен во финалето го освои Полска и тоа благодарение на победата на Швјонтек од 6:3,6:0 над Зигемунд. Во машката пресметка Зверев во три сета со 6:7,7:6,6:4 беше подобар од Хуркач.