28.8 C
Skopje
вторник, 29 јули 2025

Германски гиганти во борба за место во Бундеслигата, Утрехт доминира против овој ривал

1801 Штутгарт – Хамбургер (20:45 ч.)

Некогашните трофејни германски клубови ќе играат бараж за опстанок во Бундеслигата. Штутгарт, кој има пет шампионски пехари во првенството, заврши на 16-тото место во елитното друштво и сега мора да игра двомеч против Хамбургер, кој беше третопласиран во Цвајте. Хамбургер не само што има титули во Германија туку тој клуб во минатото бил и европски првак.

Традицијата меѓу овие два клуба вели дека на последните девет дуели секогаш имало погодоци во двете мрежи, а дури осумпати било ГГ3+, па очекуваме така да биде и денеска.

Предлог тип: ГГ3+ (1.83)

 

3157 Арда – Славија Софија (19 ч.)

Две екипи кои се во одлична форма. Арда нема пораз на последните осум меча (четири победи и четири реми), а Славија девет кола во низа е без пораз (четири победи и пет ремија).

Славија е тим кој игра многу цврста одбрана, па не случајно во последните 10 кола дури девет пати одиграла со не повеќе од два гола (дури шестпати било со максиум еден гол).

Предлог тип: 1Х&0-2 (1.81)

 

1631 Утрехт – Спарта Ротердам (21:00 ч.)

Борбата е за излез во Европа, а домаќинот е со фаворитска улога. Апсолутна е доминацијата на Утрехт во дуелите со Спарта, па има 14 победи и две нерешени во последните 16 средби.

Спарта последен пат се радувала во октомври 2008 година, што значи дека мали се шансите на гостите на овој дуел.

Предлог тип: 1 (1.83)

 

3622 Динамо Батуми – Торпедо Кутаиси (19 ч.)

Динамо е лидер во грузиското првенство и има само еден пораз во 17 кола. Торпедо влезе во лоша серија и загуби четири пати по ред и има само една победа во последните девет кола, па затоа падна на шестото место.

Динамо во просек дава повеќе од два гола на меч, а Торпедо има големи проблеми со ефикасноста и досега се израдува на 15 погодоци во 17 средби.

Предлог тип: T1 1+I& 1+II (1.98)

 

2431 Клуж – Крајова (19:30 ч.)

Меч кој треба да го даде патникот во Конференциската лига на УЕФА во Романија. Во последните две сезони овие ривали одиграа четири меча и во просек има над три погодоци на средба. Клуж се радувал три пати, а Крајова еднаш.

Двете екипи ќе играат без калкулации, а Клуж има поголеми шанси да се радува.

Предлог тип: 1Х&2-4 (1.63)

- Оглас -

Најнови вести