Германски колумнист: Кој е тој Тотенхем, последен пат бил шампиони во камено време!

Додека трае сагата околу потенцијалниот трансфер на Хари Кејн од Тотенхем во Баерн Минхен, еден германски колумнист, очигледно фан на баварскиот клуб, исфрли отровни стрели кон премиерлигашот, а не го поштеди ниту капитенот на англиската репрезентација.

Баерн сака да го купи Кејн, понуди 85 милиони фунти, а Тотенхем бара минимум 100 милиони фунти и не отстапува од тоа, затоа и нема договор.

Колумнистот Рајмунд Хинко му порача на Баерн да се откаже од трошењето на над 100 милиони евра за „30-годишен старец чии широки движења со рацете го заземаат целиот казнен простор“.

„Баерн не смее да дозволи со него да се шегува еден клуб како Тотенхем. Од кое предградие на Лондон се тие? Биле шампиони во камено време“, пишува остриот колумнист на „Билд“, кој смета дека Томас Тухел ќе биде херој ако го спаси клубот од трошење 100 милиони за напаѓач кога во шпицот веќе го имаат Џамал Мусијала.

Сепак, Хинко на крајот малку ја стисна и сопирачката.

„Ова се мои мисли, не значи дека сум сезнајко. Ако Кејн сепак дојде и покаже дека е вистински погодок, јас прв ќе му честитам на Баерн“, порача Хинко.

- Оглас -

Најнови вести