Германски тим гостуваше во Аушвиц, Полјаците ги пречекаа со „пригоден“ транспарент (Фото)

Хокеарската Лига на шампиони вчера донесе дуел помеѓу Освјечим и Ајсберен од Берлин, а Ледените мечки од главниот град на Германија победија со 4-1.

Но, овој меч нема да се памети по играта или резултатот, туку по транспарентот кој го истакнаа домашните фанови. Освјенчим е полското име на градот кој кај нас, а и во Германија се нарекува Аушвиц, познат по озлогласениот концентрационен логор од Втората светска војна.

„Добредојдовте во градот на вашиот најголем криминал“, беше пораката над и под големото знаме, а на знамето имаше слика од ограда со бодликава жица каква што имал Аушвиц и текст „Германски кампови на смртта“.

Арената во која се играше хокеарскиот меч е оддалечена само шест километри од логорот Аушвиц во кој според истражувањата, околу 1,3 милиони луѓе, од кои околу еден милион Евреи, биле убиени.

Извршниот директор на Ајсберен, Томас Ботстеде, рече дека официјалните лица на полскиот клубот им се извиниле за постапката на нивните фанови, а за време на натпреварот на мразот се извинил и играч на полскиот тим.

- Оглас -

Најнови вести