Германскиот клуб ја забрани навивачката песна, затоа што била напишана од нацист

Германскиот прволигаш Сент Паули реши да престане да ја пушта навивачката песна „Das Herz von St. Pauli“ на својот стадион „Милернтор“. Оваа песна е една од омилените кај фановите на Сент Паули и оваа одлука на челниците на клубот сигурно нема да наиде на позитивни реакции.

Како единствена причина поради која оваа песна е забранета е тоа што автор е нацист. Текстот го напиша Јозеф Олиг, а како што пренесува германски „Шпигел“, истражувачите од музејот на клубот дошле до нови сознанија за неговата биографија додека ги истражувале корените на нивната песна. Олиг бил војник на Вермахт, а за време на Втората светска војна бил дописник на нацистичките медиуми.

“Знаеме и разбираме дека песната многу им значи на нашите навивачи. Сепак, химната на стадионот треба да служи за поврзување на луѓето. Со новите сознанија, тоа не може да биде случај. Бројни навивачи и членови истакнаа дека повеќе не се чувствуваат удобно со таа песна на стадионот”; изјави претседателот на клубот Оке Гетлих.

- Оглас -

Најнови вести