Селекторот на Германија, Јоаким Лев, немаше оправдувања по распадот на својот состав против Шпанија од 0-6. Како никогаш досега, Панцерите загубија во Севилја, па Лев со наведната глава кажа што е причината за дебаклот.
„Навистина лош ден за нас. Ништо не ни успеваше, говорот на телото на играчите доволно добро ја отслика нашата игра. Дојдовме да играме храбро, да напаѓаме и да даваме голови, а ни се случи распад. Се откажавме од нашиот концепт по првиот примен гол, почнавме да трчаме безцелно, никаква организација, а најлошо е што им оставивме простор на Шпанците да прават што ќе им текне со топката. Едноставно нè убија“, истакна Лев.
Црвената Фурија со големата победа обезбеди пласман во плејофот од Лигата на нациите и ќе се бори за титулата во ова натпреварување.