33.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

Германските волци ќе ја продолжат интересната серија, англиските ќе го победат Њукасл

3006 Беневенто – Наполи (Серија А, Италија, 15 часот)

Беневенто има најдобар старт од триото нови прволигаши, а и според квалитетот на тимот е подобар од Специја и од Кротоне.

Загубија убедливо со по 2:5 од фаворитите Интер и Рома, но затоа победија каде што требаше, со Сампдорија и со Болоња. Сега пак играат со голем фаворит и една од екипите што најави кандидатура и за титулата.

И двете екипи се супер ефикасни, а Беневенто ќе има психолошка предност, бидејќи нема што да загуби. Наполи мора да се вади за киксот со АЗ Алкмар во Европа Лигата и со победа да ја поврати добрата атмосфера.

Елмас и Зјелински нема да играат, иако имаат негативни тестови на Ковид-19, а Наполи е поблиску до победа и без македонско-полското дуо. Сепак поради офанзивниот стил на двете екипи ќе одиграме на голови.

Предлог тип: 4+ (2.04)

 

1807 Волфсбург – Арминија Билефелд (Бундеслига, Германија, 15.30 часот)

Волфсбург има интересен старт со четири нерешени дуели, а и последниот меѓусебен со Арминија Билефелд заврши без победник, но на пријателски меч.

Волците имаат многу проблеми со повреди на играчите и денеска отустни ќе бидат Брекало, Брума, Мбабу, Отавио и Понграчец. Неизвесен е и настапот на Бразилецот Вилијам, па растат шансите на Арминија да остане непоразена на „Фолксваген“ арена.

Арминија како нов бундеслигаш имаше незгоден распоред на стартот, но сепак освои 4 бода што е солидно,а уште еден бод денеска одлично би им дошол во битката да се опстане во елитното друштво во Германија.

Предлог тип: Х (3.60)

 

1307 Кадис – Вилјареал (Ла Лига, Шпанија, 16 часот)

И двете екипи во одлично расположение го чекаат дуелот што може да ги исфрли високо, на врвот на табелата во Ла Лига.

Кадис приреди првокласна сензација со победата во Мадрид против Реал, а импресионираше и начинот на кој го надиграа најтреофејниот европски клуб.

Вилјареал нема пораз на последните четири меча и со бод повеќе е пред Кадис. Жолтата подморница остана десеткувана без Парехо, Морено и Еступинан, сите тројца важни алки во првиот состав, но си победува.

Во спектакуларен меч го победија Сиваспор со 5:3 и покажаа дека имаат широк избор на квалитетни играчи,кои можат да ги заменат отсутните.

Вилјареал е фаворит, но и Кадис игра одлично, па очекуваме ефикасен меч со гол(ови) на двете страни.

Предлог тип: ГГ (2.10)

 

1601 Вулверхемптон – Њукасл (Премиерлига, Англија, 17.30 часот)

Вулверхемптон е непоразен против Њукасл на пет меча по ред, а три од нив завршија нерешено, со ист резултат 1:1.

Волците брзо го заборавија дебаклот од Вест Хем со 0:4 и двапати победија со по 1:0 и ако слават денеска против Њукасл ќе се пробијат во Топ-5 во Премиерлигата.

Раул Хименес повторно е во добра голгетерска форма и Мексиканецот го влече бродот на Волците кон горниот дел на табелата.

Њукасл игра променливо, а разочара на дуелот против Манчестер јунајтед кога имаа премногу грешки и претрпеа убедлив пораз со 1:4.

Калум Вилсон одлично се вклопи во тимот на „црно-белите“, но Вулверхемптон повторно игра во препознатлив стил со цврста одбрана што не прими гол на последните два меча.

Предлог тип: 1 (2.00) Супер тип на Sport Life

 

3009 Јувентус – Верона (Серија А, Италија, 20.45 часот)

Двете екипи со Милан имаат најдобри одбрани на почетокот на новата сезона. Верона, како и Милан прими само еден гол, а Јувентус е веднаш зад нив, откако дозволи само трипати да им се тресе мрежата.

Домаќините имаат големи проблеми со нападот, бидејќи нема да играат Роналдо и Кјеза, а не се знае дали Дибала ќе биде стартер по недоразбирањето со Андреа Пирло.

Аргентинецот не играше против Кротоне, па се налути, а потоа беше и резерва во Киев против Динамо во Лигата на шампионите, но влезе во второто полувреме.

Со Дибала и Мората во нападот Јувентус има поинаков лик, а со нив подбро играат и Кулушевски и Квадрадо. Јувентус има моќен тим и без Роналдо, па може да ја победи Верона, екипа шти исто така има доста отсутни играчи поради повреди.

Предлог тип: 1&2>1 (2.70)

 

Квоти на денот во Sport Life:

Беневенто – Наполи Т2 3-5 гола (2.25)

Арсенал – Лестер Т1 2+&ГГ (2.65)

Јувентус – Верона 1&3+ (2.15)

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести