Бундеслигашите Магдебург и Фиксе Берлин ќе играат во финалето на неофицијално светско клупско ракометно првенство, Супер глоуб на ИХФ, кое се одржува во Саудиска Арабија.
Бранителот на трофејот, екипата на Магдебург, дојде до очекувана победа од 28-24 над полскиот Килце, откако во текот на целиот меч го контролираше резултатот.
На второто полуфинале имаше вистинска драма. Натпреварот помеѓу Барселона и Фиксе Берлин во регуларните 60 минути заврши 29-29, а нерешено беше и на полувремето, 16-16. Победникот беше одлучен после продолженија, кои завршија во корист на бундеслигашот со 6-5, за конечни 35-34.
Финалето ќе се одигра утре во 18:15 часот.