Германија ја совлада Шведска со 30-27 во дербито на денот на машкиот олимписки турнир.
Најефикасни во германската селекција беа Ушчинс со 8 и Гола со 5 погодоци. Осум голови даде и Ване од поразената Шведска.
Ова беше меч од групата во која се и Шпанија, Хрватска, Јапонија и Словенија, а првите четири одат во следната фаза. Денеска Шпанците беа подобри од Словенците со 25-22, додека Хрватите ја добија драмата против Јапонија со 30-29.