Германците имаат нов фудбалски Устав – 31 мерка за да продолжи Бундеслигата

Германците имаат нов фудбалски Устав во екот на епидемијата со ковид-19 и за да продолжат да се натпреваруваат, мора да прифатата сет од 31 мерка за заштита на фудбалерите, но и на сите што се инволвирани за нормално одржување на мечевите.

Меѓу мерките најчесто се истакнува социјалната дистанца во соблекувалните, при оброците, тренинзите…

Се препорачува и секој клуб да има одговорно лице за комуникација со фудбалерите за спроведување на мерките, а особено треба да се внимава и на тестирањето.

Најавено е дека треба да се подготват околу 20 илјади тестови за сите што се непосредно вклучени во процесот, најмногу секако за фудбалерите.

Бундеслигата ќе почне со продолжение на сезоната прва од Топ-5 лигите во Европа, а најавено е дека ќе се игра од 9. мај, секако без присуство на публика.

За да заврши сезоната, треба да се доиграат 9 кола, а моментно лидер е актуелниот шампион Баерн со 55 бода. Шанса за шампионската круна имаат и Борусија Дортмунд со 51 бод, Лајпциг со 50 бода, потоа и Борусија Менхегладбах со 49 и Баер Леверкузен со 47 бода.

- Оглас -

Најнови вести