Германската фудбалска репрезентација фантастично го започна Европското првенство откако со 5:1 славеше над Шкотска. Домаќинот на континенталниот собир како следен предизвик ќе го има мечот против Унгарија.
Фудбалерите на Германија во релаксирана атмосфера се подготвуваат, а дел од нив ги покажаа своите вештини додека уживаа покрај базен. Вирц, Муслета, Хаверц, Фулкрик и Џан направија една игра во која жонглираа и си ја додаваа топката преку целиот базен, а на крајот топката заврши во импровизиран кош во водата.
View this post on Instagram