Германците направиле прилично голем неред во соблекувалната на „Тодор Проески“

Победата над Македонија на германските фудбалери им донесе пласман на Светско првенство, па тие по средбата, се опуштиле во соблекувалната на арената „Тодор Проески“ со пиење газирани пијалоци, енергетски гелови и јадење суво овошје.

Новинар од весникот „Билд“ направи обиколка на соблекувалната во Скопје во која беа сместени Германците и забележа дека на масата која е во средина на просторот има суво овошје (чипс од банана и суви сливи) и чоколади со ориз. На клупите за седење и во кантата за отпад имало лименки со кока-кола.

Кај тушевите имало полни канти со мраз кои речиси и да не биле искористени. На видеото кое го сними новинарот на „Билд“ и може да го погледнете ТУКА се гледа нечистотијата, особено во едно од лавабоата, каде што се чистеле копачките и полно е со трева и земја.

 

- Оглас -

Најнови вести